мини| Мандала на чакрата Анахата. Прикажани се дванаесет ливчиња. Анахата (, превод „неповредена, неизвалкана“) или срцева чакра — четвртата основна чакра според традицијата на хинду тантризмот. Симболично е прикажан како зелен лотос со дванаесет ливчиња. Се верува дека местоположбата на оваа чакра во телото е во средишниот дел на 'рбетниот столб веднаш зад срцето.
На санскритски, анахата значи „неповреден, неудрен и непобедлив“. Анахата Над се однесува на ведскиот концепт на неодѕвонет звук (звукот на небесното царство). Анахата е поврзана со рамнотежа, смиреност и спокојство.
Опис
Положба Местоположбата на чакрата Анахата во телото е во средишниот дел на 'рбетниот столб во близина на срцето. Кшетрам или точката за активирање на површината се наоѓа на десниот дел од градниот кош.
Матрици Секоја од дванаесетте ливчиња е испишана со согласка или матрица на писмото деванагари што се изговараат како мантри. Гледано од лево кон десно: Бр.МатрицаСогласкаСогласка на санскритскиОписРеф.1камкаकзаднонепчена согласка2кхамкхаखпреднонепчена согласка3гамгаगзаднонепчена согласка4гхамгхаघзаднонепчена согласка5нгамнаङзаднонепчена согласка6чамцаचпалативна согласка7чхамцхаछпалативна согласка8ѓамѓаजпалативна согласка9ѓхамѓхаझпалативна согласка10нјамнјаञпалативна согласка11тамтаटзабна согласка12тхамтхаठзабна согласка
Асоцијации со телото Поради поврзаноста со допирот (осетот) и постапките, поврзана е со кожата и рацете. Во ендокриниот систем, се вели дека Анахата е поврзана со тимусот.
Алтернативни имиња Во тантра : Анахата-Пури, Двадаша, Двадашадала, Х'идајамбоја, Хридабја, Хридамбоја, Хридамбуја , Хридаја , Хридаја Камала, Хридајабја, Хридамбаја, Хридајасарасидја, Хридајаритхаритка, рицароруха, Падма-Сундара , Сурјасангкјадала . Во ведите (доцните упанишади ): Двадашара чакра, четврта чакра, Хридаја чакра
Поврзано Душа Џива Срце Свест
Наводи
Надворешни врски Description of Anahata Chakra from Kheper.net
Категорија:Чакри Категорија:Хиндуизам