Иван Жилев — македонски револуционер.
Жилев е роден во село Горно Броди, Серско. Завршил егзархиска прогимназија во Сер, а работел како шивач и трговец во родното село. Во текот на цели петнаесет години бил претседател на револуционерниот комитет во селото. Во 1906 г. бил избран за член на Окружниот комитет на МРО во Сер. Бил уапсен и осуден на смрт од стрна на османлиските власти, пресудата била извршена со бесење на Ат-пазар во Сер на 12 октомври 1907 година.Литовски, Александар; Јубилеен календар за егејскиот дел на Македонија во 2011 година, Битола, 2011, стр. 6..
Литература Екатерина Иванова Жилева од с. Горно Броди, Серско, Егеjска Македонија - "Иван Михалев Жилев" (спомени) Наводи
Категорија:Македонски револуционери