Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Камен Дол. Претставува населба од римското време. На 1 км јужно од селото, на блага падина со површина од 100 × 150 м се среќаваат делови од керамички садови, тегули, имбрекси и градежен материјал, а најдени биле и монети на Јустинијан I и други владетели. Видливи се и темели од повеќе градби ѕидани од кршен камен и варов малтер.

Поврзано Камен Дол; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.

Наводи