Грамаѓе — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Рибарци. Претставува населба од младото камено време. На 2 км источно од селото, во непосредната близина на чешмата, по површината на повеќе лозја можат да се сретнат делови од керамички садови со фина црвена боја и делови со груба фактура украсени во барботин техника. Се наоѓаат и орудија од камен и кремен.

Поврзано Бела Вода - населба од римското време; Рибарци; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.

Наводи