Tahina spectabilis, палмата тахина, позната и како благословена палма или димака, е вид џиновска палма (фамилија Arecaceae или Palmae) која се наоѓа само во областа Аналилава во северозападен Мадагаскар, каде што нејзиниот ареал е само 4,8 хектари, еден од најекстремните познати примери на ендемизам. Може да порасне до 18 метри во висина и има дланковидни листови широки над 5 метри. Стеблото е дебело до 51 см и е прекриено со видливи лузни од листовите. Едно дрво било откриено кога цветало во 2007 година; првпат било опишано следната година како резултат на фотографии испратени во Кралските ботанички градини Кју во Обединетото Кралство за идентификација. Се смета дека палмата живее до педесет години пред да произведе огромно соцветие до 5,9 метри во висина и ширина, надминато по големина само од Corypha spp. и од Metroxylon salomonense и, бидејќи е монокарпична, последователно умира. Соцветието, метлица, се состои од стотици, можеби илјади, троцветни гроздови кои цветаат во три последователни, синхронизирани „кохорти“ или налети на цветање. Најблискиот еквивалентен модел на цветање е кај цветната лоза Bougainvillea каде што трите цветови цветаат последователно, но не синхронизирано. Се смета дека постојат помалку од сто возрасни единки од овој вид и Меѓународната унија за зачување на природата го оценила како „критично загрозен“.
Таксономија Видот, кој произведува безброј цветови и (по создавање плод) умира, е доволно различен од другите познати палми за да го оправда создавањето на монотипниот род Tahina, кој сега е вклучен со три други рода во племето Chuniophoeniceae; другите членови се пронајдени на Арапскиот полуостров, Тајланд и Кина. Се смета дека постојат помалку од сто единки од овој вид."Giant palm found on Madagascar flowers itself to death", AFP, 16 January 2008 (hosted by Yahoo! News) "Self-destructing palm tree discovered in Madagascar", "Associated Press", 16 January 2008 (hosted by CNN) лево|мини| Tahina spectabilis зеленило мини|Семиња од Tahina spectabilis, со линијар за споредба
Опис Палмата е една од најголемите од 170-те видови палми домородни во Мадагаскар, со стебло до 18 метри високо и листови кои се над 5 метри во дијаметар.
Tahina spectabilis изгледа слично како и другите палми. Меѓутоа, кога ќе процвета, што Џон Дрансфилд од Кралската ботаничка градина Кју проценува дека се појавува по 30 до 50 години, на врвот на стеблото расте големо соцветие која се развива во гранки од стотици цветови. Испуштањето на хранливи материи кое се одвива паралелно со овој настан резултира со смрт на организмот во рок од неколку месеци. Поради тоа палмата уште се нарекува и – Самоубиствена палма.
Откритие Палмата тахина била откриена од францускиот менаџер на плантажа за индиски ореви, Ксавиер Мец, и неговото семејство, кои шетале низ оддалечен северозападен регион на Мадагаскар во 2007 година, кога наишле на цветно дрво и испратиле фотографии до Кралските ботанички градини Кју за идентификација.Eccleston, Paul (17 January 2008).
Неговото име е изведено од „Tahina“, малгашки збор што значи „да се биде заштитен“ или „благословен“, што е име на Ана-Тахина Мец, ќерката на нејзиниот откривач, додека „spectabilis“ на латински значи спектакуларно."New Genus of Self-destructive Palm found in Madagascar".
Потоа била избрана како едно од првите десет откритија на видови во 2008 година од страна на Меѓународниот институт за истражување на видовите.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Критично загрозени видови според МСЗП Категорија:Палми Категорија:Флора на Мадагаскар Категорија:Ендемски видови
