Битола — Записи за злосреќи – книга од Александар Стерјовски, пензиониран професор на Педагошкиот факултет во Битола. Книгата е издадена од Заедницата на Срби во Македонија – Битола во 2012 година. Книгата е дел од „Битолското десеткнижие“ на авторот.
Во белешката на авторот на почетокот на книгата, авторот пишува дека во минатото Битола стекнала неколку ласкави атрибути со кои денес нејзините граѓани со право се гордеат, а од кои попознати се „најградски град“, „конзулски град“, „најопеан град“, „град на клавирите“, меѓутоа, има и еден сосема подруг, „град страдалник“, односно „град маченик“, кој открива една многу поинаква содржина на животот. Овој подруг атрибут, како и она што може да се подведе под поимите злосреќи или црнила се тема на оваа книга на Стерјовски.
Опис Ракописот поделен е на осум поглавја: Земјотреси и природни феномени; Тешки зими и невремиња; Поплави и суши; Беда и глад; Пожари; Болести; Грабежи, и Бомби и разорувања. На крајот се дадени: Регистар на географски имиња, и Регистар на лични имиња како и рецензијата од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.
Наводи
Категорија:Битола Категорија:Книги од 2012 година Категорија:Дела на Александар Стерјовски Категорија:Книги за Битола Категорија:Појавено во 2012 година во Македонија