Манастирец — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Манастирец. Претставува некропола од римското време. На работ на селото биле откриени камени плочи и тегули од гробни конструкции од типот циста и „на две води“. Во гробовите биле најдени повеќе монети (Максимијан и други). Најдена е и плоча од камен со старогрчки натпис. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Вршник - населба од доцноантичкото време; Лаката - населба од римското време; Хусков Рид - населба од бронзеното време; Манастирец; Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи